Главна тема во регионалните медиуми во последните неколку дена е префрлувањето на одредени членови на жирито од тимот на „Ѕвездите на Гранд“ во јатото на „Пинк“.

По веста дека Драган Стојковиќ Босанац се преселил во „Пинковите ѕвезди“, како и Вики Миљковиќ, се појавија гласини за статусот на Марија Шерифовиќ. Многумина шпекулираа дека и пејачката може да се најде на „Пинк“ од септември, но таа сè негираше преку Инстаграм.

„Од септември нема да бидам повеќе членка на жири… Ама во ниту едно жири, од ниту еден телевизиски формат, бидејќи дојде време да се одморам и единствениот кандидат што ме интересира е Марио Шерифовиќ ( нејзиното синче)“ – напиша Марија.

Вики Миљковиќ пак јасно и гласно се изјасни:
„Откако Сале Поповиќ веќе го нема, повеќе не е тоа – тоа. Бев многу поврзана со него. Бевме цимери повеќе од триесет години. Едноставно ми е премногу тешко да се навикнам што повеќе не е со нас. Се збогував и ги поздравив сите членови на жирито. Се пронајдов во се’ што се случи во тој прекрасен период што е зад мене и на него ќе се сеќавам само со радост. Во вакви ситуации, нема лутење, ако Саша го нема, јас не се пронаоѓам таму. Го изгубив и брат ми и сакав да избегам“ – рече Вики.

Фото: Инстаграм/viki_miljkovic/serifovic







