Радио Милева „бура“ за сите сетила

Султана има кожа со боја на цимет и тело на морска сирена: Постарата ќерка на пејачката Наташа Малинкова е убавица на која тешко и се одолева

Султана има кожа со боја на цимет и тело на морска сирена: Постарата ќерка на пејачката Наташа Малинкова е убавица на која тешко и се одолева

Султана е постарата ќерка на пејачката Наташа Малинкова и има 22 години. Таа и мајка и неодоливо личат и физички потсетуваат една на друга како да се две сестри. Сепак…

„Да бидам искрена, Султана ми е како другарка и таа секогаш ми е поддршка во кариерата, а ѝ јас учам за трендовите во музиката од неа. Но, колку и да сме блиски, сепак јас сум прилично строга мајка иако можеби не изгледам така“ – откри своевремено Малинкова, кога Султана се’ уште беше малолетна тинејџерка.

Арно ама, годините бргу летаат и сега ќерката на пејачката прерасна во вистинска убавица. Стројна, тенка, висока, долги нозе, тело-вретено, бујна однапред, извајана одзади, Султана е една од оние млади девојки по кои момчињата воздивнуваат, оние похрабрите не губат време за да им се додворуваат, а само најсреќниот, најупорниот или најумешниот (ќе) го освои(л) нејзиното срце.

Летниот одмор и годинава ќерката на Малинкова го минува на море. Јадранот е најчесто нејзиниот избор за летна дестинација, а локацијата која воодушевува е островот Хвар.

Токму таму, на карпестите плажи на Хвар, младата кавадарчанка го истурила сиот свој телесен дар. Во топ бикини месо боја, со кожа во боја на цимет и тело на морска сирена, постарата ќерка на пејачката Наташа Малинкова е убавица на која тешко и се одолева!

И додека го темнее својот тен криејќи го лицето со големиот сламен шешир, само еден поглед на оваа млада дама кај многумина внесува „сладок немир“.

Особено кога ќе погледнат на карпата како осамена сирена, која излегла на брегот за миг да ја почувствува убавината на светот и надвор од морските длабочини.

Поглед кој  пред да се нурне во морското синило, Султана предизвикува „бура“ што го бранува секое можно сетило.

Сепак, една слика или само еден кадар многу тоа кажува…

Дека ваква раскошна убавица, никогаш сама не летува.

Таа со сочен загриз во праската, а тој со  штракање со вилицата, како мало предупредување дека убавицата само нему му припаѓа!

Фото: Инстаграм/sultana.malinkova

To top