Македонската ријалити старлета Моника Станојкова на пошироката јавност кај нас, но и во регонот и стана позната по своето учество во осмата сезона на најпознатото регионално реално шоу „Елита“.
Таму баш и не заврши славно, поточно заврши речиси и пред да почне, иако уште веднаш ги шокираше сите со своите изјави за љубовта со женет човек, но и со својот секси „сајз плус“ изглед.

Позната под уметничкото име Станојкова Стар, оваа Македонка за многумина само уште една стралета иако таа себеси се декларира како инфлуенсерка и блогерка, која рака на срце на социјалните мрежи има илјадници следбеници… Завидна бројка фоловерси, на која можат да и позавидат и некои од најпопуларните македонски јавни или естрадни личности, па дури и познати инфлуенсерки.

Нејсе, она што ја прави поразлична или поточно специфична е нејзината фигура… Летото е во полн замав, па Моника не дека има срам или и е незгодно да се појави во бикини, напротив… Бујните природни облини однапред едвај ги собира, а тангата одзади длабоко потонала на фотографиите кои неодамна ги споделила при нејзиното морско уживање на Малта.

Сепак, можеби подоле некое килце, помалку трошка салце, поднамален обем и тежина би донеле нова свежина во нејзиниот изглед и живот воопшто. Арно ама, како? Се’ што е познато е долго и мачно!

Држејќи се до сопствената максима: „Сама сум свое ниво. Мене не ми се приоѓа, мене ми доаѓаш со почит“, додека онака легната се разладува и опуштено ужива испружена во џакузи, на познатата ријалити учесничка одеднаш и се случи… Еурека!

Познатиот Архимедов извик што во превод значи: „Пронајдов“! Архимедовиот закон: „Секое тело потопено во течност, губи од својата тежина онолку колку што изнесува тежината на течноста што ја истиснува“ во случајов од џакузи кадата и помогна да се осети полесна.
Едноставно Моника Станојкова најде начин како само да лежи, а да биде послаба… Или барем така да се чувствува! Што би рекле некои: „Црногорски фитнес“… Ако не од килограмите, барем ослободува од стрес!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/stanojkovastar




