Пејачката Милица Павловиќ веќе некое време одмара на Јадранот, а сега објави неколку фотографии на Инстаграм на кои е целосно без шминка и во опуштено расположение.

Имено, Милица беше во костим за капење на плажата на луксузниот хотел каде што престојуваше, а на плажата уживаше сончајќи се со кафе и музика.

Следното утро своите следбеници ги разбуди со фотографија од собата, каде ги снимила своите долги нозе во лежечка положба, по што многумина напишаа дека има едни од најубавите на естрадата…

И не се далеку од вистината, кога ќе ја погледнете целата слика.

Но она што предизвика дополнителна возбуда е друштвото на пејачката. Имено, Милица не летува сама, туку друштво и прави една расна русокоса која изгледа како вистинска „еротска бомба“. Од споделените фотографии се гледа дека пејачката и русокосата се блиски пријателки.

Она што привлече особено внимание, сепак не се нозете, туку нешто друго, многу повозбудливо кај естрадната убавица.

Овалната извајана задница на Милица е предмет на копнежи кај многумина мажи… Се разбира оние вистинските, иако многимина не би биле незадоволни одблизу да ја запознаат и русокосата половина на сликата.

Фото: Инстаграм/senoritamilica





