Кога си на естрадната сцена, имиџот, облекувањето, танцувањето и расната става покрај пеењето се „оче наш“ за врвна забава и владеење со расположението на публиката! Заводливото нишање на колковите и широката карлица, немирното потскокнување во длабоко отвореното деколте, на по можност што побујната предница и неодоливото мешање со овално извајаната задница, покрај песната се главните адути на секоја естрадна убавица! Така било отсекогаш, а се чини oвa најмногу „пали“ во денешно време!

Кај некои пејачки овие квалитети се вродени, други ги учат и вежбаат, за потоа што подобро да се продадат сосе целиот естраден пакет. Младата македонска пејачка Љупка Арсовска, е една од оние кои музичка ѕвезда во подем,чија појава на „Ѕвездите на Гранд“ и „IDJShow“ бргу го сврте на себе вниманието на јавноста. Веднаш по ТВ шоу појавувањата дојдоа и настапите по ноќните локали, клубови и дискотеки, каде Љупка со својот перформанс умее да ги фрли гостите во транс.

Особено е смела во танцувањето, па најчесто машката клиентела никако не го симнува погледот за време на целиот настап, на кој покрај забавата и вокалниот потенцијал Љупка умее визуелно да го сподели со нив сиот телесен раскош што Бог и го дал!
И додека поситетелите цела вечер „со очи ја пијат“ за потоа „немирно да спијат“ сонувајќи ги нејзините „тајни нешта“, останува дилемата и прашањето, дали пејачката е природен талент за ваква танчарска возбуда на поклониците на еротската имагинација или тоа Љупка го стекнала со напорна работа и учење естрадна кореографија?
@filiptanuseski🎙️Ljupka Arsovska New Year 2024 Equilibrium Day and Night 🎆♬ original sound – Filip Tanuseski
Или со други зборови: Дали Љупка Арсовска вака вежба за на сцена или дарбата и е вродена, па и за други прилики и е погодена, па при сето, „бум, бум, бум прави срцето“?
Одговорот го има секако само пејачка, која неретко со по некое мини клипче знае да покажа како и колку заводливо и возбудливо умее да меша!
И Бога ми не и прв пат, а веројатно никако и последен… После ова, на следниот нејзин настап сигурно први ќе се продадат„коњопоите“ најблизу до бината, во таканаречениот „фан пит“, зашто Љупка Арсовска е дефинитивно… „динамит“!
А тој што ќе успее или веќе успеал да ја „ќари“, нека му ја мисли кога ќе останат сами. Треба да му е јасно одма, дека штом „го извади осигурачот“ активирал „еротска бомба“, зашто со ваква „риба“ нема шала… Мешај мала, машала!
Фото и видео: Инстаграм/ljupkarsovska







