Радио Милева брачна среќа од втор обид...

Уште една репризна новинарска свадба: Новиот уредник на првиот програмски сервис на МТВ Драган Николовски стапи во брак уредничката и водител на ТВ дневникот Марина Доковска

Уште една репризна новинарска свадба: Новиот уредник на првиот програмски сервис на МТВ Драган Николовски стапи во брак уредничката и водител на ТВ дневникот Марина Доковска

Професијата зближува, професијата разделува… Ама како што во оваа за која зборуваме постојат репризни изданија на емисите, така  постојат и новинарско – брачни репризи… Само што во вториот случај 50% од ликовите не се баш истите.

Како и многу други професии, не редок е случајот и новинарството да ги зближи колегите до таа мера што ќе се вљубат еден во друг, па честопати љубовта да заврши и со брак. Ама како што рековме, професијата умее да зближи, но и да раздели, ама и… одново да зближи!

Таков е случајот со спортскиот новинар Драган Николовски, кој однеодамна (14.10.2024 год.) е именуван за нов уредник на првиот програмски сервис на МТВ, кој по разводот со колешката спортска новинарка Катерина Павлова, неодамна ја озваничи својата љубовна врска со брак повторно со своја колешка.

Само што овој пат не е во прашање спортска новинарка, туку политички новинар, сега уредник на дневникот на МТВ, Марина Доковска.

И нејзе како и на нејзиниот програмски уредник и тазе сопруг МРТВ не и е ниту прва ТВ куќа, ниту прв брак. И таа како и Николовски работеше во повеќе телевизии, а и претходно беше мажена, па разведена и од првиот брак има син.

Свадбата на новинарската (М)ТВ брачна двојка всушност била свадбена забава за потесен круг на блиски луѓе.

На неа гостите ги забавувале две познати и реномирани македонски естрадни ѕвезди, поп пејачите Ѓоко Танески и Нашата Мијатовиќ – Мијата.

Новата новинарско-брачна двојка веројатно не сакале голем публицитет, па затоа нивната свадбена веселба и не одекна во јавноста се’ додека деновиве не споделија по неколку фотографии од чинот на озваничувањето на новата брачна заедница и моментите на свадбената забава.

Претходно, спортската новинарска екс-двојка Драган Николовски – Катерина Павлова, долги години беа во брак ово кој добија и ќеркичка, но пред неколку години брачната сага заврши со развод. Непосредно потоа спортската новинарка откако се разведе со еден, стапи во втор брак со друг колега. Таа и Никола Ѓуровски влегоа во нова спортско-новинарска брачна заедница!

Браковите и разводите во 21-от век се вообичаена работа. Она што е необично па тогаш, а и сега ја скокотка јавноста е дилемата: Дали Катерина Павлова покрај тоа што има професионална „слабост“ кон спортот и приватно има афинитети исклучиво кон спортските колеги?

А и  Драган Николовски не е далеку од тоа новинарките да му се слабост? А сега по игра на случајноста средината во која работи да му се погоди како најприкладното место за да го спои убавото со корисното?

Како и да е, нека е со среќа новата  спортско-информативана новинарска брачна заедница!

Фото: Фејсбук/MariNa DaLas/Dragan Nikolovski

To top