Весна Јоксимовиќ, мајката на Жељко Јоксимовиќ, води секојдневна борба со хеликобактер пилори.
Иако лекарите со години се обидуваат да најдат соодветна терапија, Весна Јоксимовиќ сè уште се соочува со сериозен здравствен проблем.

Детали за борбата на Весна сподели нејзиниот син и помладиот брат на Жељко, Саша Јоксимовиќ, за време на гостувањето во емисијата „РТС Ординација“.
– Мајка ми постојано има хеликобактер пилори и не може да се ослободи од него. Зема коњски антибиотици, ја пие целата кутија и ништо. Како да има рој бактерии внатре.

Весна Јоксимовиќ била подложена на разни третмани, но ниту еден не донел трајно олеснување.
Foto: Instagram printskrin/vesnagјoksimovic




