Различни бикини и костими за капење се омилените парчиња облека на жешката Софија Вергара.
За време на летните горештини, често можеме да ја видиме во тесни комбинации на плажа, но и дома, а и таа гордо ги објавува на социјалните мрежи.

Таков беше случајот и овој пат кога го почасти светот со жешко видео и тоа топлес на Инстаграм. Како што можете да видите, актерката мирно уживала на Ибица кога непознат маж ја снимил.
Тоа не ја загрижи, бидејќи веднаш го објави видеото на својот официјален Инстаграм профил.
„Среќен меѓународен ден на бикини од Ибица“, напиша таа, покажувајќи го топлес своето исончано и тонирано тело.
View this post on Instagram
Корисниците на интернет „полудеа“ по ова видео, веднаш коментирајќи ја сцената. „Совршена си“, „Дури и сега таа е најубавата жена“, „Душо, убава си“, се само некои од нив…
Foto: print Screen/Instagram/sofiavergara




