Нада Топчагиќ директно ја праша Рада Манојловиќ кога планира да се мажи, нагласувајќи дека е време да се скраси.
Иако имаше неколку сериозни врски, Рада Манојловиќ сè уште не застана пред матичарот, па нејзината постара колешка Нада Топчагиќ реши да ги земе работите во свои раце.

Постарата колешка директно ѝ кажа на Манојловиќ дека и е време да се омажи.
– Време ти е да се омажиш. Не останувај стара мома. Сите доаѓаме, Цеца и јас доаѓаме да пееме на твојата свадба. Ќе ти најдам момче, сине. Како не можеш да го најдеш? Гледај, сите овие одат за милијардери, за фудбалери…
Да потсетиме дека по раскинувањето со колегата Милан Станковиќ, Рада Манојловиќ ја официјализираше врската со Момир Гајиќ. Нивната љубов не заврши славно, а по неколку години, Рада и Миомир ја поправија врската и си подадоа рака на пријателство. Пејачката немаше среќа ниту со Харис Берковиќ, а слично сценарио се случи и со возачот Владимир Ранковиќ, со кого раскина по неколкумесечна врска.
foto: printscreen/instgaram





