По шест години откако последно го гледавме на телевизјата на Бојан Јовановски, македонскиот моден гуру Сергеј Варошлија се враќа пред камера.
Јасно како ден е дека јавноста сака да слуша критика, особено негативна, ама сака да гледа и сеир. Поради она што народот го сака, а и по настојување на јутјуберот Стефан Лараров, Варошлија од месец септември се враќа назад, односно ќе го гледаме како дел од поткастот на Лазаров.

Ова беше потврдено од последниот поткаст каде Варошлија и Лазаров наздравија за соработката и новите почетоци.
Како за старт Сергеј низ лаф муабет прокоментира неколку стајлинзи од неодамнешниот Валандово фест, а исто и од роденденот на магазинот „Убавина и здравје“.

Тој исто така кажа и дека многумина кои досега негативно модно ги оценил, кога го среќаваат непосредно, знаат да му пријдат и да му кажат дека бил во право, па дури и да му заблагодарат за модниот совет.
Сепак има и такви од јавната сцена кои му се вечно лути, едната пејачка, другата водителка и тоа две Елени, Ристеска и Стефаноска- Најдоски.

За Елена Ристеска кажа дека иако соработувале, по едно негово излагање, таа се налутила, а исто и другата со која кога се среќава на настани, нетрпението кај неа било забележливо.
Секогаш интересен, автентичен, оригинален, а пред се’и тоа како модно поткован за мода како стилист за шминка, фризура, облека – Сергеј еден и единствен кај нас.
Од Сергеј Варошлија од септември очекуваме многу здрава и издржана модна критика и секако многу забава.
фото:instagram printscreen/varoshlijasergej/elenaristeska_era/elena_zivotsostil/ You tube/ lazarov





