Радио Милева бившиот - насилник?

Маја Маринковиќ – претепана: Српската ријалити старлета објави шокантни фотографии

Маја Маринковиќ – претепана: Српската ријалити старлета објави шокантни фотографии

Старлетата и поранешна учесничка во ријалити шоуто Маја Маринковиќ ги загрижи обожавателите кога објави дека е претепана. Таа неодамна ја обнови врската со Филип Цар, со кого имаше многу турбулентна врска во годините во „Задруга“, а пред неколку дена ги изненади сите кога на социјалните мрежи напиша скандалозни работи за својот сега веќе поранешен партнер.

Иако со денови фокусот беше на Филип како човек кој наводно тајно снима интимни врски со своите партнерки, а содржината подоцна, како што тврди Маринковиќ, ја покажува и шири, сега обајцата се најдоа во центарот на нов скандал.

Маја сега објави фотографии на социјалната мрежа Инстаграм на кои се гледаат нејзините повреди, исеченици и модринки, што ги шокираше нејзините следбеници. Како што тврди таа, повредите ѝ ги нанел нејзиниот поранешен партнер Филип Цар, кого го обвини дека наводно употребил пиштол и нож среде расправија.

Таа не застана тука, туку во приказната ја вклучи и неговата мајка, која наводно ја бркала по автопатот.

„Ова е вистина. Бидејќи досега молчев, утре ќе ја чуете вистината. Нека објасни потоа за тоа како става пиштол во уста, ми забодува нож над главата додека сум на подот, а мајка му ме навредува и ме брка по автопатот. Точно така. Точно е. Утре ќе чуете сè“ – напиша таа.

Маја Маринковиќ, која е позната по скандалите, изјави дека ќе раскаже  низ што се’ поминала со Цар додека престојувала кај него во Хрватска.

Фото: Инстаграм/majaamarinkovic

To top