Радио Милева моден тренд

Софија Вергара се забавуваше во долна облека: Актерката во корсет од тантела мами воздишките од посилниот пол (фото)

Софија Вергара се забавуваше во долна облека: Актерката во корсет од тантела мами воздишките од посилниот пол (фото)

Софија Вергара воодушевува со корсет од тантела и фармерки додека е во Мадрид.

Нема ништо позабавно од тоа кога ќе го  претворите вашето омилено парче долна облека во облека за вечерно излегување. Денес, носењето долна облека како обична облека не само што е прифатено – туку стана и вистински моден тренд.

Познатите дами веќе некое време го водат овој стил: минатиот септември, Ирина Шајк прошета по пистата во проѕирен црн фустан сличен на долна облека, Џесика Алба го прослави својот роденден во бел корсет, додека Ема Стоун воодушеви во црн фустан од тантела. Најновата во линијата е ѕвездата од „Модерно семејство“, Софија Вергара, која сподели нов аутфит во овој стил на својот Инстаграм.

На фотографиите објавени на Инстаграм, Вергара носи длабок цветен корсет во лилава боја, совршен за вечерно излегување со пријателите.

Проѕирниот чипкаст топ имаше длабоко црно деколте од чипка, тенки црни прерамки и тесни детали од корсет по телото.
Го искомбинираше со фармерки со висок струк и суптилни светкави обетки.

Косата ја стилизирала со разделба во центарот, додека шминката ѝ била во топли бронзени тонови, совршено нагласувајќи го нејзиниот исончан тен.

Во описот на една фотографија на шпански, Софија напиша:

„Во Шпанија со моите омилени Шпанци.“

На друга слика, на која позира со своите пријателки, меѓу кои се Ева Лонгорија и Еиза Гонзалез, таа додаде:

„Ноќ во Мадрид со овие прекрасни жени!!“

 

фото: printscreen/instgaram

To top