Ќерката на Наташа Беквалац и Данило Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ, плени со својата убавина, а секој пат кога објавува нова фотографија, предизвикува вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи.
Ќерката на најубавата српска пејачка, Хана Икодиновиќ, е многу активна на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека својата нереална убавина ја наследила од мајка си.

Хана често објавува фотографии од своите патувања на Инстаграм, а сега позираше во бордо фустан.

„Кукла“, „убава како нејзината мајка“, „убава“, „прекрасно суштество“… се само дел од коментарите.

Инаку, Хана го прослави својот 18-ти роденден во март, а по тој повод, нејзината мајка ѝ приреди голема забава.
фото: print Screen/Instagram







