Станија Добројевиќ откри дека годинешниот Ден на трудот го поминaла на Фрушка Гора, а се потсети и на претходните прослави.

„Порано 1-ви Мај го славевме во шума со пријателите. Ден пред тоа ќе одевме на кампување, ќе спиевме под отворено небо, ќе уживавме во логорскиот оган, музиката и скарата. Додека живеев во Америка, таму го славев Први Мај неколку години“ – додаде таа.

Старлетата откри дека еден од најнеобичните мајски денови го поминала во природа водејќи љубов со своето момче во шумата.

„Еднаш момчето и јас го прославивме празникот криејќи се меѓу дрвјата. Водевме љубов и се погриживме никој да не нè види. Признавам дека сум жешка во постела, но и во природа, само да има љубов и хемија“ – изјави Станија за Информер.

Во име на 1-ви Мај, силиконската ријалити ѕвезда сподели секси првомајско видео од специјалната фотосесија направена во духот на празникот на трудот во која покажа колку е вредна домаќинка.

Подеднакво вешта и умешна и кога пегла и кога и е алатот в рака!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/stanijadobrojevic




