Радио Милева збогување

Пријателите и  соработници се простуваат од Тоше Поп Симнов : „Мирен лет !“ (фото)

Пријателите и  соработници се простуваат од Тоше Поп Симнов : „Мирен лет !“ (фото)

Истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов почина на 63 годишна возраст, еден ден пред Велигден.

Познатиот продуцент зад себе остави успешна кариера на македонската и регионалната музичка сцена.

Информацијата за жалната вест ја сподели неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски преку објава на социјалните мрежи.
„Почивај во мир Тоше“ – напиша Скендеровски под фотографијата која ја сподели.

Последните збогувања од Тоше ги наполнија социјалните мрежи со статуси особено оние кои работеле со него или соработувале, се знаеле…

Дарио Панковски

„Денес завршува еден огромен дел од македонската музичката историја.
Почина Тоше Поп Симеонов.

Продуцент, композитор, текстописец, аранжер, гитарист, гениј, музички иноватор и магионичар…
Мојот драг другар Тоше, најинтелигентната и најдуховитата скопска личност што сум ја запознал во целиот мој живот…харизма, шарм и душа широки колку цел универзум.

Мајсторе, ја имав таа чест да те познавам и да се смеам со тебе, да снимаме бескрајни часови и ноќи во твоето студио, а создадовме толку многу песни…толку албуми.
Твоите генијални текстови
Дупла вотка и Дај да заспијам остануваат за сите генерации и за сите времиња.
Е па мајсторе, друже мој…со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите.

Нека ти е вечна слава, вечна слава!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARIO (@dariopankovski)

Весна Петрушевска – Бејби

– Еден од моите омилени ликови во животот,дамла ме удри Тоше Поп Симеонов мирен лет духовит и луциден човеку. Те сакав многу.

 

Калиопи Букле

– Почивај во мир Тоше Поп Симеонов.

 

Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025 на градските гробишта во Бутел. Сите кои сакаат да оддадат почит, ќе може да го сторат тоа во капелата во Бутел од 11:30 часот.

фото:printscreen/facebook/instagram

To top