Пејачката Андреана Чекиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со легендарниот спортист Роберто Карлос и му посака среќен роденден.
Имено, Андреана Чекиќ денот го помина уживајќи на плажа, но и во друштво на поранешниот бразилски фудбалер Роберто Карлос.
Пејачката и Роберто позираа насмеани, а во описот на фотографијата таа му го честиташе роденден и му се заблагодари:

– Среќен роденден! Ти благодарам за најдобриот фудбал досега! Те сакаме! – рече таа со емотикон од срце.
фото: printscreen/instgaram




