Радио Милева кибицерите среќни, таа незадоволна...

Нејзината гола фотографија го урна Инстаграм, но Марија Луиса Тодоровска сепак разочарана: „Не само да гледате, потрудете се да сфатите што сака да каже сликата и текстот“ (ФОТО)

Нејзината гола фотографија го урна Инстаграм, но Марија Луиса Тодоровска сепак разочарана: „Не само да гледате, потрудете се да сфатите што сака да каже сликата и текстот“ (ФОТО)

Пејачката Марија Луиса Тодоровска одново ја шокираше јавноста. И овој пат со нова гола фотографија. Добро, не е баш пиштол гола иако прилично експлицитно се наѕира она што до крај не се гледа. Но овој пат голата поза има друга поента, друг смисол и намена. Еротско – уметничка, која носи социјална или животна порака што сакале авторот и Марија да ја испратат во јавноста, за тоа каков е животот на една естрадна пејачка. Колку и да изгледа лесен, забавен, релаксиран и доходовен, во суштина е многу тежок, ранлив, мачен, несигурен, небезбеден…

Токму тоа го симболизираат голото тело на пејачката од една страна, како слатка мамка, предизвик и асоцијација за раскалашен живот, слава, популарност и брза заработка и суштината која ја крие другата страна на медалот на естрадната професија, полна со брзи растежи и уште побрзи и потешки падови, озборување, сеири, предрасуди, омаловажувања деградирања… И уште многу други етикети со кои естрадните уметници од понежниот пол се соочуваат и треба со нив да се носат. Како и со длабоките рани кои славата ги отвора, на што асоцираат и излепените етикети со овие натписи на голото тело на Марија Луиса и импровизираните крвави рани и лузни.

Арно ама, голо си и е голо, особено ако убавицата е позната, па грото од публиката која ја сочинуваат следбениците на социјалните мрежи, меѓу кои доминираат мажите, се само „голи“ кибицери. Само скриени посматрачи кои со „очи ширум отворени“ и подзината уста немо „зјапаат“ лепејќи ги своите „влажни погледи“ за разголеното тело и бујните облини.

При тоа, суштината која ја испраќа пораката иако им е пред очи – не ја гледаат! Нагоните и страста се посилни од отворениут ум, па во едната рака им е мобилниот, а во другата…

Токму оваа ситуација побуди различни, чувства, дијаметрално спротивни емоции кај Марија Луиса Тодоровска. Од една страна среќна што го урна Интернетот со својот еротско-уметнички перформанс со социјална порака, од друга страна тотално разочарана што од повеќето следбеници  „нејзината уметност“ беше „погрешно“ сфатена!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

To top