Цеца Ражнатовиќ во својата емисија ги угости своите колешки Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ.
Шерифовиќ прва влезе во студио, а доаѓањето на Јована предизвика голема врева.
Откако Пајиќ се појави во кадарот, натрча во прегратките на Цеца, која веднаш и се обрати.
– А нејзе нема да ја бакнеш? – праша Цеца, алудирајќи на Марија.
– Па, веќе ја бакнувам – рекла Јована и пријде на Шерифовиќ, по што сите се насмеале.
Да потсетиме, тимот на „Папарацо лов“ неодамна ги следеше двете пејачки од утро до вечер, со цел надвор од камерите да покажат каков е нивниот однос.
Она што може да се види е дека тие се неразделни и речиси секогаш насмеани кога го поминуваат времето заедно.
фото:instagram printscreen/ Pink printscreen/