Мегафон уште една титула за убавина

На изборот за „Кралица на Евроазија 2024“, нашата Јулијана Ѓорѓиевска беше избрана за „Европска кралица“

На изборот за „Кралица на Евроазија 2024“, нашата Јулијана Ѓорѓиевска беше избрана за „Европска кралица“

На изборот за „Кралица на Евроазија 2024“ кој се одржа во Анталија, Турција, титулата „Miss Europe“ односно „Кралица на Европа“ ја освои 26 годишната Македонка,  Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.

Таа на изборот ја претставуваше Македонија во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.

Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата „Кралица на Азија“ и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија .

Нашата Јулијана, која е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, гордо ја претстави Македонија.

Ова беше 10-то, јубилејно издание на QUEEN OF EURASIA, во организација на агенцијата EURASIA STARS EMPIRE од Москва, Русија.

Фото: Модно студио Црнокрак

To top