Децата се гордоста и иднината, а таа е уште една наша ѕвездичка која со својот талент, појава и харизма озвојува на прва.
Нејзиното име е Нела Манческа од Скопје која има само 12 години, но добро знае дека она што најмногу сака да го прави е да пее.
Нела пред само некоку дена освои прво место на интернационален онлајн фестивал „Wind of music“ Литванија, а деновиве целиот Балканд ја гледа, слуша и зборува за нејзиниот настап на хрватскиот „Суперталет“ каде пееше песна од Витни Хјустон „I have nothing“.
Слатката долгокоса уште пред да запее отвори дискусија меѓу жирито бидејќи почна да им зборува на англиски јазик, а тие беа во чудо што Македонка кажа дека не ги разбира и дека им се обраќа на англиски. Пејачката Маја Шупут права праша:
-Кога дојдовме до тоа со Македонците да зборуваме на англиски, праша Маја, по што оперската пејачка Марина Томчиќ и одговори:
-Откако повеќе не сме Југославија. Ни децата од Словенија не разбираат хрватски јазик“, додаде Мартина.
Со познавањето на англискиот како универзален, јазичните бариери се тргнаа, а Нела го „купи“ жирито со четири гласа „да“ откако им покажа како умее да пее и колку е талентирана по што жирито без задршка кажа дека Нела е непрусен дијамант.
За нашата мала, слатка и тлалентирана русокоса пишуваат сите медиуми од регионот, а најгорди се нејзиното семејство особено мама Мирјана која застана и пред камери за да ја опише својата ќерка.
Инаку, Нела Манческа учи соло пеење од нашата позната пејачка Андријана Јаневска во нејзиното приватно музичко училиште.
Нејзиниот следен предизвик е многу наскоро на „WORLD ASSOCIATION OF FESTIVALS- Скопје“ каде е номинирана.
Само напред Нела!
фото: Facebook/Mirjana Mancheska/ Nela Manceska/You Tube printscreen/𝑳 𝑼 𝑿 𝑿 𝑶 𝑵 𝑵