Радио Милева „жешко меѓу нозе“...

За Марија Луиса Тодоровска нема пречки: Кога и е густо, фолкерката покажа дека добро се пегла и стоеечки!

За Марија Луиса Тодоровска нема пречки: Кога и е густо, фолкерката покажа дека добро се пегла и стоеечки!

Згодна, атрактивна, сексапилна, ама и баеги духовита и чешита… Која друга пејачка можете да ја опишете токму вака, ако не Марија Луиса Тодоровска. Покрај дарбата за пеење од Бога и сите марифети научени во кафеана, пејачката има нешто научено и од дома. Меѓу останатото и домаќински да се пегла. Однапред, одзади, на страна, по шавови или на рамно, навлажнето или сосема суво… зависи од материјалчето. И секако од умешноста на пеглачката. А дека е експерт, Марија Луиса покажа штом се фати за рачката… на пеглата секако!

Само што овој пат брзајќи да не задоцни на тезга, набрзина го облекла мини фустанчето, на кое пред да му го стави коланчето, Марија забележала дека е истуткано. Време за пресоблекување многу нема, а и за избор на друга комбинација уште помалку, па за да не губи време пејачката нашла соломонско решение, на кое други никако не би се осудиле.

Но за Марија Луиса кога и е густо нема пречки, па фолкерката решила набрзина да се пегла стоечки! Веројатно тоа и порано го правела, штом со ваква доза на решителност и сигурност се фатила за жешката  пегла, без страв дека може да се изгори.

Заради предострожност прво да се провери пеглата дали е добра температурата. Штом почуваствува дека е доволно загреана, пеглањето започнува. Најпрвин по шавови, одстрана, за да види дали ќе и се бендиса.

Откако сфатила дека пеглањето „лизга како подмачкано“, втората и онаа најважна фаза доаѓа на ред – пеглање однапред. Е тука веќе треба да си вистински уметник за пеглање, зашто штом осетиш „жешко меѓу нозе“ постои висок  ризик од сериозно оштетување. И тоа по две основи!

Како прво кога веќе се пеглаш однапред стоеечки и тоа во хулохапки, треба да внимаваш со пеглањето да не претераш, па хулахопките да ти се залепат таму кај што не треба… Е дури тогаш спас ќе ти нема!

Како второ, при пеглањето однапред иако е стоеечки, сепак можат, а и мораат да се менуваат пози… За материјалчето подобро да легне, мора да се подрашират двете нозе! Само тогаш постои дополнителен ризик… Случајно да не го притиснеш копчето за жешка пареа, па да ја попариш меѓуножната ареа.

Ама на ризик се познава шизик, а Марија Луиса Тодоровска  како искусна „пеглачка“ не прави таква грешка! Напротив.

Среќна и задоволна од завидната пеглачка вештина  стооечки си го одработе замисленото, чиј резултат подоцна се виде од приложеното.

Миничот и прилега како излиен и однапред и одзади и по работ на шлицот… Впрочем во тоа е вицот. Да се пегла натенане секоја знае, ама набрзинка и стоеечки, е тоа е веќе експертиза која  ја умеат само искусни пеглачки како Марија Луиса!

 

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

 

 

To top