Aвангардната уметница Слаѓана Милошевиќ почина на 69-годишна возраст во земунската болница, а како што пренесуваат медиумите рок-иконата напишала тестамент со оглед на тоа дека била многу свесна за состојбата во која се наоѓа.
Имено, Слаѓана се бореше со неколку здравствени проблеми, а она што долго време ја мачеше беше Сјогренов синдром, кој е хронично, воспалително, автоимуно ревматоидно заболување кое се манифестира со суви очи (или ксерофталмија) и сува уста (ксеростомија).
– Слаѓана спомна неколку имиња во тестаментот, тоа беа луѓе кои многу ги сакаше. Таа беше добра со сите, а само некои ги сакаше ептен многу. Знаеше дека не може да излезе од канџите на болеста, па сакаше некои работи да бидат познати и по нејзиното заминување. Повеќето се однесуваа на делот за фустани. На лист хартија напишала дека само нејзините пријатели можат да ги носат нејзините креации и работи и дека никој друг не може да ги допре! Тоа навистина ми ги насолзи во очите. Таа не се грижеше за други работи. Знаеше дека е мирна со се што се случува, без разлика што можеби нејзината состојба ќе беше подобра доколку лекарите ја третираа правилно и со поголемо внимание. Тоа беше навистина страшно. Се пожали, но се погрижи и да ги протурка сите прегледи, за никому да не му биде на товар“ – откри познаникот на пејачката.
Фото: Инстаграм/a.sladjanamilosevic