Радио Милева „алиса во земјата на чудатата“

Кога лекарот ќе ти ја соопшти дијагнозата…Тијана Дапчевиќ ококорена и во прашалници со итна потреба за превод (видео)

Кога лекарот ќе ти ја соопшти дијагнозата…Тијана Дапчевиќ ококорена и во прашалници со итна потреба за превод (видео)

Колку пати досега кога сте биле на лекар, ви соопштува дијагноза или дава упатства, па сте се почувствувале изгубено и до гуша заглавени во непознатото? Сигурно сите ќе дадете потврден одговор освен ако мадицината не ви е слаба страна.

Тијана Дапчевиќ со своите изразени актерски спостобности преку едно видео покажа како точно изгледа кога лекарот ти ја соопштува дијагнозата, кратко, но урнебесно смешно видео кое предизвика лавина реакции со потврда дека тоа е баш вистинската слика со која се поистоветуваат многумина.

Медицинска терминологија, како докторот да пренесува на колега, а ние… „Алиса во земјата на чудата“.

Лекарот зборува на нашки или на кинески, арапски, некој непознат јазик…

Дури и кога би имало превод, повторно прашалниците стојат, а на крај кога ќе дојде ред и за рецептот, е тогаш се селиме на ново ниво од областа на фармацијата.

Сепак, на крај едно е најважно и по онаа старата народна,  „Кога има лек, има и век!“

фото: Instagram printscreen/ tijana.dapcevic

To top