Радио Милева полнолетна крштевка

Двојна прослава кај Јана:  Ја крсти ќерка си, па се подготвува за забава од 500 гости (фото) 

Двојна прослава кај Јана:  Ја крсти ќерка си, па се подготвува за забава од 500 гости (фото) 

Пејачката Јана Тодоровиќ има двојна причина за славење. Таа ја крсти својата единствена ќерка Кристина, а сега и приредува голема прослава за полнолетството.

Забавата ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели во Белград, на кој ќе присуствуваат околу 500 гости. Покрај друштвото на Кристина, голем дел ќе има и од естрадата.

Славеничката искажала посебна желба да на нејзиниот роденден  Шемса Суљаковиќ и  запее на роденден, но за жал тоа нема да се оствари.

– Се обидов од сите страни, но Шемса има закажани термини, оди на бања. Прати видео картичка, сакав да дојде, тажна сум што нема да дојде – објасни Јана.

Инаку, вчера, 4 ноември, во еден белградски ресторан се одржа помала семејна веселба, откако Кристина се крсти во црквата Свети Сава.

Гордата мајка дури дошла до микрофонот во ресторанот и ја отпеала песната „Родила се мала“, која ја посветила на својата единица. Кристина изгледаше божествено за оваа пригода.

Таа носеше долг бел фустан со црн појас, а на нозете имаше високи потпетици, додека Јана блескаше во полупроѕирен фустан, исто така бел во боја.

фото: printscreen/Instagram/janavip2011

To top