Водењето љубов во темнина не е секогаш избор за задоволство, туку многу често поради непријатност и неможност да се опуштите со вклучено светло, пишува „Дневник“.
Сексот е чин при кој е неопходно да се чувствувате удобно во сопственото тело – самоуверено и без никакви ограничувања. На тој начин исклучените светла даваат доза на заштита и потребнатa сигурност што ги немаме доколку не се чувствуваме доволно убави и сигурни во сопствената кожа.
!Овде нема трикови, вие сте совршени такви какви што сте и немате причина да се срамите од вашето тело“, тоа е совет кој на почетокот звучи како клише и јасно е дека не е толку лесно да се надмине непријатноста.
27-годишната Ана го споделува своето искуство, велејќи дека ѝ требало многу време за да почне да се чувствува удобно за време на секс со запалени светла.
„Во мојата претходна врска бев многу свесна за своето тело и ми стана навика да имам секс со исклучени светла. Не помогна тоа што мојот поранешен партнер никогаш не ми даде комплименти за моето тело. Беше полесно да го правам тоа само во мрак, па никогаш не морав да се соочам со фактот дека можеби нема да му се допадне нешто во моето голо тело“, откри таа.
Меѓутоа, Ана сега е во здрава врска и вели дека водењето љубов со запалени светла ѝ станало природно.
„Сега сум со некој кој постојано покажува дека го цени моето тело – ме допира и гушка со секоја шанса, ми кажува колку го сака моето тело и ме прави да се чувствувам самоуверено.
Знам дека не треба да се потпираме на други луѓе за да се чувствуваме посигурни во сопствените тела, но ова беше поттикот што ми требаше да се соблечам гола во целосно осветлена спална соба и да се освестам дека нема од што да се срамам. Надворешното охрабрување и комплименти се едноставно неопходни во некои ситуации“, заклучи таа.
Прво, бидете отворени со себе
Можете да направите листа на сите причини зошто ви е удобно да имате секс само со исклучени светла и да бидете целосно искрени со себе.
Има нешто навистина посебно што се случува кога ќе се откажеме од негирањето и ќе излеземе од темнината (во спалната соба) со тоа што ќе го признаеме она што не тера да се сомневаме во себе. Без разлика дали станува збор за некоја траума од минатото, прекумерна самокритика, споредба со другите или некој проблем со сегашниот партнер.
Комуникацијата со вашиот партнер е клучна, а ако тој не знае што се случува со вашата самодоверба, нема да разбере што се случува во вашата глава и зошто тоа може да влијае на вашиот заеднички сексуален живот.
Ако комуницирате со партнерот за сè што ве мачи, ќе можете да започнете полека заедно, дури и ако тоа се мали чекори и на почетокот со пригушени светла.
Свртете ја перспективата и размислете за вашиот партнер и како го перцепирате неговото тело: веројатно, тој ви е привлечен, а вие ги сметате неговите физички „недостатоци“ за слатки и воопшто не ви пречи, што е разбирливо затоа што ако не е така – не би сакале да водите љубов со него.
Обидете се да разберете дека и тој се чувствува така кон вас – вие сте му привлечни и она што го сметате за фатална мана, тој не го ни забележува, а апсолутно ужива во вас како целина.
Фокусирајте се на внатрешното чувство
Размислете за чувствата што ги доживувате за време на сексот. Затворете ги очите и фокусирајте се на она што го чувствувате внатре и што го обзема вашето тело. Тоа ви дава начин да почувствувате задоволство, да бидете добри со себе, да се задоволите себеси, да доживеете неверојатен момент со саканата личност.
Искуството што го доживувате преку вашето тело е прекрасно и вклучувањето на светлата нема ништо да промени, може само да додаде повеќе затоа што можете да погледнете во очите на партнерот и да ги видите истите чувства во неговите очи, со што ќе го доживеете вашиот љубовен чин уште поинтензивно.
Многу е повозбудливо кога всушност гледате како вашиот партнер доживува задоволство.
Ако помислата на тоа ве привлекува и сакате да ја доживеете следниот пат, смирете се и вклучете ги светлата.
фото:Freepik
извор:точка.ком.мк