Готов е списокот на песни и изведувачи, кои ќе настапат на музичкиот фестивал „Макфест“, што ќе се одржи идната недела во Штип. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе се отпеат вкупно 28 нови песни во две вечери, на 25 и 26 октомври.
На годинашното издание ќе настапат Kaly со песната „Невера“, „The solution“ со „Ти и јас“, Александра Трајчевска со „Навика“, Ален Хрбиниќ Росси со „Со тебе“, Антониа Гиговска –„Жена“, Бојана Арсовска-„Никогаш доволно“, Васил Ангелов – „Без извини“, Дамјан Стоименовски – „Исти сме“, Дани Димитровска- „Пијана“, Дрио- „Засекогаш млад“, Димитар Андоновски- „Бура“, Елена Ристеска- „Ме боли за се“, Ивана ЈО- „Себично“, Јана Мрческа – „Убава и храбар“, Калина Александар- „Да не те познавав“, Марија Атанасова- „Ти си ми се“, Марија Спасовска- „Страв“, Мирјана Митрева- „Плачев во себе“, Павле Камиловски-Дали можам“, Полина Тасева – „Сцена“, Сања Тодоровиќ- „Јас сум виновна“, Сергеј Поповски- „Сите утра“, Симона Поповска- „Без тебе“, Славица Ангелова- „Сама“, Тамара Волческа- „Кажи ми да знам“, Тианна Димова – „Сто пати, “Тоше Ангелески – „Не прашувај“, Теа Трајковска и Таско со песната „Сатурн“.
Рефрените од песните се веќе ставени на официјаната страна на „Макфест“ на Инстаграм, а сите кои ќе сакаат пред време да знаат какви се песните што ќе бидат отпеани ќе може да видат на овој линк: https://www.instagram.com/makfestfestival/profilecard/?igsh=Zms2eDc1ODBodGRv
Организатор на фестивалот и годинава е Општина Штип, на чело со градоначалник Иван Јорданов, продуцент е Александар Арсовски, уметничкиот директор Роберт Саздов и член на уметничкиот совет е Јован Јованов.