По точно 25 години, познатата новинарка, уредник и TВ водител на дневникот Ивона Талевска и официјално ја напушти телевизија Сител.
„Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител. Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“ – споделила Талевска на својот Фејсбук профил.
Како што пишува порталот Информа, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот телевизиски трансфер.
Инаку Ивона Талевска последниве години е и претседател на Македонската асоцијација на новинари (МАН).