Радио Милева казнет

Наташа Беквалац конечно може да здивне – нејзиниот прогонител е осуден (фото)

Наташа Беквалац конечно може да здивне – нејзиниот прогонител е осуден (фото)

Маж од Србобран е прогласен за виновен во Вишиот суд во Белград за прогонување на познатата српска пејачка Наташа Беквалац и наложено му е психијатриско лекување по ослободувањето, пренесуваат српските медиуми.

Обвинителството првично ја предложи мерката задолжително лекување и чување во здравствена установа, но по дополнувањето на вештачењето со кое се препорачува лекување на слобода, обвинителството го смени предлогот за изрекување на оваа поблага мерка.

За време на судењето, неговата сестра, мајка и син се обврзале заедно да се грижат за неговото здравје. Тие ќе се договорат и заеднички ќе следат дали редовно ја зема пропишаната терапија и оди на прегледи кај докторот.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата Зоран Божовиќ му посочи на обвинетиот дека од него зависи дали ќе ја почитува терапијата или доколку не ја направи, ќе се врати во затворската болница.

Инаку, повеќе од една година тој преку социјалната мрежа Фејсбук ѝ испраќа заканувачки пораки на Наташа, барајќи да му плати за песните кои тој тврди дека ѝ ги дал и кои станале хитови. Заканите станале посериозни, вклучително и смртни закани, поради што Наташа го пријавила.

фото: printscreen/instagram/bekvalceva

To top