Радио Милева одлука

Тестаментот на Саша Поповиќ ги изненади сите: Еве кој ќе добие милиони, скапи автомобили и вили на Бежанијска Коса (фото)

Тестаментот на Саша Поповиќ ги изненади сите: Еве кој ќе добие милиони, скапи автомобили и вили на Бежанијска Коса (фото)

По веста за неговото нарушено здравје, која ги загрижи фановите, колегите и пријателите, тестаментот на Саша Поповиќ ја виде светлината на денот.

Имено, креативниот директор на Гранд продукција извесно време ќе отсуствува од снимањето на новата сезона на популарното музичко натпреварување, но целата сезона маестрално ја подготви.

Со текот на годините работеше и заработуваше многу, а откако се дозна дека тестаментот на Саша Поповиќ е напишан, многумина се прашуваа кому ќе оди целото богатство.

– Саша се консултирал со својот адвокат и решил се да и остави на Сузана. Таа е петнаесет години помлада од него, но тој има најголема доверба во неа и е сигурен дека таа ќе може да се снајде со целиот имот што го поседуваат.

Има доверба во својата ќерка, како и во синот на Сузана, кого го воспита како да е свој.

Но, тој повторно е решен да ѝ остави се на Сузана, за која верува дека ќе сподели се по совест и како што треба. Сигурно не мисли дека му се ближи крајот, свесен е само за времето во кое живееме и дека треба и тоа да се реши, поточно да се има волја, а со тоа се согласува и Сузана.

Но, тие двајца имаат само живот и планови – изјавил за „Скандал“ добро информиран извор.

фото: print Screen/Instagram

 

To top