Живот и стил

Според истражувањата ова се петте најдобри вежби за здравјето на срцето

Според истражувањата ова се петте најдобри вежби за здравјето на срцето

Кардиоваскуларните болести се едни од водечките причини за смртност во светот, а „седечкиот“ начин на живот, лошата исхрана, лошите навики како пушењето и консумацијата на алкохолот честопати се главните виновници за развој на овие болести.

Меѓутоа фактот дека нашите секојдневни одлуки влијаат врз болестите на срцето, значи дека имаме поголема контрола врз нив отколку што мислевме. Истражувањето на клиниката Кливленд, покажало дека 90% од кардиоваскуларните болести можат делумно да се спречат, со редовни вежби приспособени кон здравјето на срцето.

„Вежбањето е навистина најдобар лек за превенција на болестите на срцето“, вели кардиологот др. Сузан Стеинбаум.

„Врз база на вашата здравствена состојба, кондицијата и ризик – факторите, вежбањето може да биде што било, од секојдневни прошетки до 30 минути умерена физичка активност, пет денови во неделата, додава др. Стеинбаум.

Но, најдобро е вежбите да се менуваат и да се испробуваат различни физички активности. „Можете да ги менувате вежбите за вежбањето да ви биде позабавно, но најважно е да се движите“, потенцира кардиологот.

Меѓутоа, студиите покажуваат дека ова се едни од најдобрите вежби за здравјето на срцето:

Прошетки – кратките прошетки се едноставна но проверена физичка активност, којашто може да го подобри здравјето на срцето и да го намали ризикот од смрт за 50%.

Возење на велосипед – тоа прави чуда за срцето, а истражувањата покажуваат дека редовното возење на велосипед е толку корисно за кардиоваскуларниот систем што може да го намали ризикот од смрт поради срцеви заболувања за неверојатни 35%.

Тренинг со тегови – исто така познат и како тренинг на отпор, кревањето на тегови ја зголемува мускулната маса, така што го намалува притисокот врз артериите и ризикот од болести на срцето.

Прескокнување на јаже – можеби изгледа како детска игра, но прескокнувањето на јажето се покажало како особено корисно за подобрувањето на функцијата на срцето и може дури и покорисно за срцето во споредба со трчањето.

Јога – таа можеби не е првата вежба којашто би ја поврзале со здравјето на срцето, но јогата е извонредна за ублажување на стресот, така што таа го намалува крвниот притисок, холестеролот и општото воспаление.

фото: FreePick

To top