Радио Милева за да нема разлики

Перо Антиќ дојде на гости во ТВ кај Роберт Јанков, па водителот мораше да и пркоси на природата (фото)

Перо Антиќ дојде на гости во ТВ кај Роберт Јанков, па водителот мораше да и пркоси на природата (фото)

Висината на го прави човекот, неговата големина треба да биде многу повеќе од физичка.

Но, доблест е и кога се прифаќа физичкиот недостаток во метри и сантиметри, токму како што тоа го прави Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК кога неодамна беше гостин во утринската емисија „Здраво Македонијо“ и домаќинката на денот Вера Мештеровиќ.

Вера Мештеровиќ за Панчо ДНК е Мон Блан, ама тој не се дава лесно за да и парира, а за тоа како, мора да видите (фото)

Е сега улогите се сменија, одоносно во предност беше гостинот, а на домаќинот му требаше столчето како помагало за да стигне до висината на предизвикот.

Имено, на гости во студио беше претседателот на КФМ Перо Антиќ, а од спротивната страна беше водителот Роберт Јавнов. Ако Панчо можеше да ја покаже својата „големина“, зошто да не и Роберт?

Завршија со разговорот што беше предвиден, па тргнаа да се пошегуваат и да ја покажат својата  духовитост, особено Роберт.

Се качи на столчето и позираше до Перо, а бидејќи тој е повисок од 2м, водителот и не беше така „ниско“.

Моментот секако не помина без фотографија која си ја споделија и двајцата на социјалните мрежи.

фото:INstagram printscreen/ utrinska_zdravo_makedonijo

 

To top