Живот и стил

Кој не смее, а кој треба да јаде сардини?

Кој не смее, а кој треба да јаде сардини?

Експертите често истакнуваат дека рибата треба да биде дел од урамнотежената и разновидна исхрана, поради високиот процент на корисни хранливи материи како што се омега-3 масните киселини, протеините и бројните витамини и минерали.

Таа е дел од човечката исхрана со векови, а конзервираните опции се лесно достапни во текот на годината, од кои сардините се меѓу најпопуларните и најприфатливите риби.

Малку е познато дека сардините се именувани по Сардинија, каде што ги има во изобилство, а истите пружаат многу здравствени придобивки за организмот.

Зошто треба да јадете сардини?
На прво место меѓу причините за почесто уживање во сардини се, секако, омега-3 мастите кои имаат антиинфламаторни својства и истражувањата ги поврзуваат со помал ризик од создавање на крвни згрутчувања и намалување на крвниот притисок. Поради сето ова, тие се корисни за кардиоваскуларното здравје и можат да им помогнат на луѓето кои имале срцев удар или се изложени на зголемен ризик од него.

Сардините се одличен извор на витамини, а спаѓаат и меѓу ретките извори на витамин Д од храната.

Содржат и многу минерали, особено калциум, па затоа се погодни за луѓе кои избегнуваат кравјо млеко поради алергии, веганска исхрана или пост, или едноставно им треба повеќе од овој минерал. Железото, магнезиумот, цинкот, фосфорот исто така се присутни во значителни количини во сардините.

Кои сардини се најдобри?
Според медицинската платформа „Healthline“, ако купувате конзервирани сардини, оние во маслиново масло се подобра опција од оние во соино масло, додека верзијата во вода е корисна доколку сакате да го намалите внесот на масти.

Доколку купувате свежи сардини, кои многу брзо се расипуваат, внимавајте на тоа дали мирисаат свежо, дали кожата им е сјајна, дали очите им се светли и текстурата е цврста, бидејќи сето тоа се фактори кои гарантираат дека рибата е квалитетна.

Кој не треба да јаде сардини?
Луѓето со проблеми со бубрезите или гихт, предупредува „Healthline“, треба да избегнуваат сардини.

Имено, оваа риба природно содржи супстанца која создава мочна киселина, а нејзиното таложење може да предизвика проблеми со бубрезите или гихт кај оние кои веќе се склони кон тоа.

извор:точка
фото:freepik

To top