Радио Милева речиси иста

Некогашната Бинго девојка се’ уште изгледа млада и згодна: Натали Грубовиќ  ги воодушеви сите со летното издание (фото) 

Некогашната Бинго девојка се’ уште изгледа млада и згодна: Натали Грубовиќ  ги воодушеви сите со летното издание (фото) 

Некогашната бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ,  оддамна замина од Македонија, се омажи во соседна Србија и стана мајка.

Сепак, таа овој пат одлучи  да ги потсети сите колку е згодна и тоа во летно издание.

Натали деновиве престојува во Црна Гора со своето семејство од каде се огласи и на социјалната мрежа Инстаграм и покажа како го поминува времето.

Таа на нејзините „стори“сподели фотографија од одморот и успеа да ги воодушеви своите следбеници и да ги потсети на едно убаво време во кое таа остави печат иако одамна не била активна  на јавната сцена.

Нејзиниот летен изглед фановите дефинитивно го пофалија, додека таа позирала со нејзината шестгодишната ќеркичка.

Претходните денови, Натали прати летен поздрав од  дестинацијата каде ужива, а фотографијата која се најде на нејзиниот профил на социјалната мрежа беше голем  доказ дека естетските корекции ги следи во чекор, па значително поголемите усни ја прават уште помлада и посвежа во изгледот. Со еден збор, подмладена или барем изгледа иста каква што ја паметиме пред од својата татковина да замине.

 

Патем, Натали е секогаш во тренд, па нема сомнеж и не тешко штом ја сретнете, веднаш и да ја препознаете.

фото: print Screen/ Instagram/nataligrubovic

To top