Радио Милева насмеана...„тетка“?

Таман се убеди пред огледалото дека е најзгодна женска во маалото, се најде некој од комшилукот да и го расипе впечатокот: Кој и го (за)е*а денот на г-ца Адријана Кеш? (ФОТО)

Таман се убеди пред огледалото дека е најзгодна женска во маалото, се најде некој од комшилукот да и го расипе впечатокот: Кој и го (за)е*а денот на г-ца Адријана Кеш? (ФОТО)

Како и за многумина од нас и за македонската фолкерка Адријана Ацевска годишниот одмор изгледа помина, ама не поминаа и горештините. Напротив – допрва не напаѓаат. И се неподносливи, особено во бетонската џунгла каква што е македонската престолнина.

За среќа Скопје го има Водно, па викендов пејачката реши да ја искористи таа привилегија и да го мине најжешкиот дел од денот токму на скопската планина.

Уште кога се разбуди, штом отвори очи веднаш се виде дека денот ќе и биде убав. Онака разбудена и свежа, Адријана уште од постела веднаш го започна со едно селфи во огледалото. Чисто за да си потврди дека е најзгодна женска во маалото.

Потоа пејачката го навлече на себе белото летно фустанче и тргна на појадок со поглед.

И тоа овошен од нејзината тераса. Витаминска бомба за добро утро, во чинија со лубеница, диња, праска, грозје… засилени со по некое природно цедено сокче или смути. Знае пејачката како се чува душичката.

По витаминскиот појадок правец – планина, а најблиската во Скопје секако е Водно. А таму дополнително уживање во уште еден здрав протокол: чист воздух, прво утринско кафенце и цеден портокал, во еден еко локал!

А потоа „кулирање“ во дебела ладовина со поглед на крстот на врвот на Водно. Несомнено времето го минала прилично згодно, иако пејачката не откри со кого, зашто очигледно убавата фолк дама не била сама!

А кога веќе е поборник на така здрав живот, а нејзиниот изглед и лик е така убав и свеж, логично е  г-ца Кеш да е полна и со самодоверба. Па не случајно утринското селфи во огледалото и’ ја наговести, а дневните селфи репризи и’ ја потврдија констатацијата дека е најзгодна женска во маалото!


И таман Адријана Ацевска ќе се убеди дека е вистинска убавица без оглед на годините, зашто впрочем постарите женски кај помладите машки се во мода… Ќе се најде некое дете кое ќе и рече: „Тетко“ – и се ќе отиде во вода!“

Или сепак, не? Зашто г-ца Кеш не дозволува така лесно некој да и го (за)е*е денот! Та било тоа комплимент, намера или случајна грешка, Адријана одговара со широка насмевка. Впрочем, како што самата вели: „Користи ја својата насмевка да го менуваш светот… Не дозволувај светот да ја промени твојата насмевка“!

Фото: Инстаграм/adrijana_acevska

 

 

To top