Вистинско време е да ги подготвите теглите и да направите слатко кое ќе ги воодушеви сите.
Рецептот е едноставен, а во подготовката ќе уживате веднаш штом ќе го почувствувате атрактивниот мирис на смокви.
Состојки за слатко од смокви:
1 килограм смокви, свежи или суви
700 грама шеќер
1 лимон
1 лажичка ванилин шеќер
половина чаша вода
половина лажичка цимет
Подготовка на слатко од смокви:
Доколку користите свежи смокви, измијте ги, извадете ги стеблата и исечете ги на четвртинки. Сувите смокви треба да се потопат во вода до два часа, поточно додека не омекнат.
После тоа, исечете ги на помали парчиња.
Во поголемо тенџере измешајте ги смоквите, шеќерот, водата и ванилиниот шеќер.
Додадете сок и рендана кора од лимон.
Ставете го тенџерето на средно-силен оган и варете додека шеќерот целосно не се растопи.
Намалете ја топлината и варете ја смесата од 45 минути до еден час, повремено мешајќи. Ако сакате да додадете цимет, додадете го во овој момент.
Смесата е готова кога ќе стане густа и како сируп.
Ставете малку смеса на чинија и оставете да се излади. Доколку се стврдне и лесно се одвои од чинијата, десертот е готов.
фото: FreePick