На веб-страницата YourTango се наведени три трагични грешки во комуникацијата, кои доколку на време не се воочат може да предизвикаат крај на љубовната врска.
Престанувате да ја кажувате вистината – Понекогаш е тешко да се каже вистината. Ја избегнуваме затоа што се плашиме од одговорот што може да го добиеме или се плашиме дека ќе ни судат. Кога избегнувате конфронтација и искреност, ќе се насобере огорченоста што ќе ве направи несреќни и ќе ве оддалечи од партнерот.
Кога ја преќутувате вистината, тоа е како да имате „тајна“ што ја чувате, а која може да помогне да се создаде чувство на дистанца и одвоеност меѓу вас, што е поддржано од една студија од 2024 година.
Престанувате да бидете фини Ова е лизгав терен за оние што минуваат низ „фазата на меден месец“. Со право се вели дека „познанието раѓа презир“, што значи дека ги повредуваме најблиските затоа што се таму. Лесно е да заборавите дека вашиот партнер, кого сега толку добро го познавате, е многу ранлив и чувствителен на вашите реакции, како што покажа едно a истражување од 2011 година.
Престанувате да слушате со отворен ум – Сите сакаме да бидеме во право, а многу добри врски се распаѓаат затоа што некој сака да биде во право пред да биде среќен. Отворениот ум бара од вас да престанете да го осудувате вашиот партнер и да престанете да го карактеризирате сето она што го прави како погрешно. Колку често сте се предомислиле затоа што некој ви рекол дека сте погрешиле? Таквото убедување никогаш не функционира.
Извор: Кајгана