Љубов и секс

Еве колку често треба да водите љубов за да го забавите процесот на стареење

Еве колку често треба да водите љубов за да го забавите процесот на стареење

Има многу придобивки (надвор од очигледното) кои доаѓаат од водењето љубов: согорување калории, зајакнување на имунолошкиот систем, развивање интимност во вашата врска и се разбира, ослободување на допамин во мозокот.

Ако се чини дека се чувствувате помлади кога редовно водите љубов, тоа можеби не е само ваше субјективно чувство.

Редовното водење љубов всушност може да помогне во забавување на стареењето, според студијата од 2017 година објавена во списанието „Psychoneuroendocrinology“, пишува „Хелти“ (The Healthy).

Имено, откриено е дека водењето љубов барем еднаш неделно е поврзано со подолги теломери, кои го штитат генетскиот материјал во ДНК, кој го одредува животниот век на клетката. Подолгите теломери се поврзани со побавно стареење на клетките и подолг животен век.

Истражувачите го следеле интимниот живот на 129 мајки. Жените секојдневно давале извештаи за нивното задоволство од односот со партнерот, како и за тоа колку често воделе љубов со него. Истражувачите земале и примероци од крв од жените, анализирајќи ги клетките кои се користат како индикатори за стареење.

Тие откриле дека жените кои имале секс со својот партнер во претходната недела имале подолги теломери од оние кои немале.

Овој тип на истражување само покажува поврзаност и не може да докаже дека редовното водење љубов е причина за зголемена должина на теломерите.

Со текот на времето, теломерите се распаѓаат додека клетките се делат, станувајќи малку пократки со секоја клеточна делба. Се смета дека одредени фактори предизвикуваат нивно побрзо деградирање, како што се лошата исхрана, обилно пиење и природниот процес на стареење, според истражувачите.

Нивните откритија покажуваат дека водењето љубов може да биде корисно кога станува збор за заштита на теломерите, што значи дека клетките можат да живеат подолго. Истражувачите ги поврзуваат пократките теломери со сериозни здравствени проблеми како што се ракот, срцевите заболувања и дијабетесот; Се чини дека подолгите теломери помагаат во спречување на болести.

Водењето љубов влијае на среќата во врската
Иако не постои волшебна формула за среќа на парот, студијата од 2017 година објавена во списанието „Archives of Sexual Behavior“ анализирала колку често луѓето велат дека имаат секс. Студијата покажа дека просечниот возрасен човек води љубов 54 пати годишно – околу еднаш неделно – врз основа на податоците од 1989 до 2014 година.

Иако тој број малку се намали од 1990-тите, истражувачите во друга студија, објавена во списанието „Social Psychological and Personality Science“, следеа повеќе од 30.000 Американци во текот на 40 години. Истражувачите откриле дека паровите кои водат љубов повеќе од еднаш неделно не се посреќни од оние кои имаат секс само еднаш неделно. Истражувачите сугерираат дека старата поговорка дека помалку е всушност повеќе може да се примени и за водење љубов – но тоа не значи дека треба да следите строг распоред.

Генерално, важно е паровите редовно да водат љубов со својот партнер. Но, не мора да го правите тоа секој ден за да имате хармонична врска.

извор:тоцка.ком.мк
фото:Freepik

To top