Пејачката Марија Шерифовиќ била мета на измамник кој успеал да ја изманипулира, односно да изглуми дека нема каде да живее, а таа скршена од неговата „тешка судбина“ му го отворила срцето, па и паричникот.
Марија помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој навосдно спиеше под мостот, му обезбеди покрив над главата и нормални услови за живот. Меѓутоа, како што сега пренесуваат српските медиумите, младиот човек ја измамил пејачката и се претставил во сосема поинакво светло од она што навистина е.
Марија му нашла работа на градски базен, му плаќала кирија за стан за една година и три оброци дневно во блискиот ресторан.
Сега се појави веста дека Мустафа бил избркан од станот, за што Марија му платила кирија, а се огласила и сопственичката на станот која тврди дека е обичен измамник.
Таа тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да добие сожалување од луѓето и донации. Го нарече безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажа и дека е многу неуреден и дека е лага дека сега живее со сопругата и нејзините три деца.
Да потсетиме, на Марија ѝ беше жал кога слушна за талентираното момче кое живее под мостот.
– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници такви примери, но ако малку му го подобривме животот и му го олеснивме макар и за момент, ете барем таа една година– рече тогаш Марија.
фото:Instagram printscreen/ Marija Serifovic