Амал и Џорџ Клуни пристигнаа на 83-тиот Филмскиот фестивал во Венеција, а по пристигнувањето привлекоа големо внимание, пред големото признание што ќе го добие.
Венеција овие денови повторно се трансформира во центар на светската кинематографија, а меѓу првите големи ѕвезди што пристигнаа во лагунскиот град беше и парот Клуни. Џорџ и Амал беа фотографирани како пристигнуваат со брод, за што актерот избра опуштена комбинација, додека адвокатката за човекови права уште еднаш покажа зошто е наречена една од најдобро облечените жени на денешницата.
Амал блескаше во софистициран маслинесто зелен комплет со потпис од Том Форд, сега предводен од креативниот директор Хајдер Акерман. Елегантното сатенско сако го искомбинираше со соодветен топ и шорцеви, додавајќи допир на гламур на изгледот со златни обетки и преголеми очила за сонце. Заедно со секогаш беспрекорно облечената Амал, Џорџ се одлучи за полежерен изглед, носејќи темно сина поло маица, бели панталони и ремен во истата нијанса, а го надополни и изгледот со очила за сонце и сребрен часовник.
View this post on Instagram
Иако сега поголемиот дел од времето го поминуваат на својот имот во Франција, каде што ги одгледуваат своите близнаци, ќерката Ела и синот Александар, Џорџ и Амал сè уште имаат силни врски со Италија, најмногу благодарение на нивната позната вила на езерото Комо. А самото пристигнување во Венеција е особено важно за актерот, кој има долга историја со тамошниот филмски фестивал. Првпат се појави на Мостра пред речиси три децении, во 1998 година, за премиерата на филмот „Надвор од видното поле“, а последен пат прошета по црвениот тепих во Венеција со Амал во 2025 година, на премиерата на филмот „Џеј Кели“.
Оваа година веројатно ќе биде запаметена како една од најубавите, бидејќи ќе добие една од најважните награди во неговата богата кариера, Златниот лав за животно дело. Наградата е почит кон неговата речиси петдецениска работа пред камерата, но и зад неа, како продуцент и режисер.
foto: printscreen/instagram/amal.clooney.official





