Заврши првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 беа Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше Швајцарија на натпреварот во 1991 година и го зазеде петтото место со песната „Песна за тебе“ и како што се пошегува на своја сметка рече дека Швајцарија сака ги рециклира старите работи.
Првата вечер на годинешната Евровизија беше со тематика „Онаму каде што се’ започна“, како почит на родното место на Евровизија, Швајцарија, а во првото полуфинале настапија 15 земји од кои само 10 отидоа во големото финале. Шпанија и Италија, како и домаќинот Швајцарија, се меѓу земјите чии претставници изведуваат песни, но како дел од големата „евровизиска петорка“ тие директно се пласираат во финалето.
На сцената први настапија претставниците на Исланд. По нив следуваа Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белкија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Швајцарија и Кипар. Годинава дел од учесниците решија да пеат на мајчиниот јазик.
Директно во финалето в сабота се пласираа Франција, Шпанија, Германија, Велика Британија, Италија и домаќинот Швајцарија.
Евровизија и оваа година не помина без скандал. Во неделата во Базел се одржаа протести против учеството на Израел на натпреварот. Израелскиот радиодифузер „Кан“ денес поднесе пријава до полицијата во Базел во врска со наводни закани со смрт кон израелската претставничка Јувал Рафаел. За време на доаѓањето на сите претставници на тиркизниот тепих, Јувал беше пречекана со свирежи, а на видео снимено од член на израелската делегација, се гледа како еден човек мавта со палестинско знаме и покажува палец надолу, а потоа го поминува прстот низ грлото и плука.
Со контроверни наслови на песните, стихови и пред се чуден аутфит во кој настапија изведувачите, заврши првото полуфинале на Евросонг 2025. Додека траеше гласањето водителската двојка, заедно со минатогодишната водителка на Евровизија Петра Меде, направија вистинска спектакл и преку песна ја потсетија публиката на сите светски изуми и пронајдоци кои водат потекло од Швајцарија.
Потсетија и на нивниот народен херој Вилијам Тел, чиј лик го оттолкува Петра Меде. Беа презентирани и неколку необични музички рекоди низ минатогодишните евровизии, песни кои не победиле, но биле најстримувани на јутуб.
Преку видео порака се обрати и светската музичка ѕвезда Селин Дион која победи во 1988, претставувајќи ја Швајцарија во Даблин, Ирска со песната „Не заминувај без мене“ и од каде започна нејзината светска кариера и интерконентинентална слава.
За финалето в сабота на првата полуфинална вечер се пласираа: Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Од балканските земји, годинава Хрватска и Словенија не успејаа да се пласираат во големото финале.