Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025 со песната „Miracle“ – емотивна балада што носи порака за надеж, светлина и верба во себе. Песната штотуку беше објавена на официјалниот YouTube канал на Junior Eurovision Song Contest, а македонската публика веднаш реагираше со воодушевување. Автори на оваа инспиративна композиција се Лазар Цветкоски (музика и продукција) и Магдалена Цветкоска (текст), кои стојат зад некои од најуспешните современи македонски песни.
„Miracle“ е нежна, но моќна балада што го слави човечкиот дух и ја испраќа пораката дека секој од нас носи светлина – доволна за да создаде чудо.

13-годишната Нела Манческа, која доаѓа од Скопје, важи за едно од најперспективните млади имиња на домашната музичка сцена. Таа веќе има освоено бројни награди на меѓународни фестивали, каде што публиката и жирито ја истакнуваат поради нејзината вокална моќ, изразена емоција и исклучителна сценска сигурност.
Со „Miracle“, Нела ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025 во Тбилиси, Грузија, каде што ќе се натпреварува со најдобрите млади таленти од цела Европа.

Организаторите на натпреварот објавија дека песната носи „силна и инспиративна порака – дека сите ние носиме светлина во себе“, додавајќи дека Нела „со својот глас, харизма и неисцрпна енергија е подготвена да ги освои срцата на гледачите ширум светот“.
фото:You tube printscreen/ Junior Eurovision Song Contest







