Мегафон
По 12-ти пат

„Звуците на чаршијата“ на 7-ми и 8-ми септември во Старата скопска чаршија

„Звуците на чаршијата“ на 7-ми и 8-ми септември во Старата скопска чаршија

Традиционална манифестација „Звуците на Чаршијата“ годинава по 12-ти пат ќе се одржи на повеќе локации во Старата скопска чаршија на 7-ми и 8-ми септември.

Звуците на чаршијата која претставува мултимедијална и мултикултурна манифестација им нуди можност на посетителите богатата и разновидна културно забавна програма со многу познати имиња.

Целта на манифестацијата е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје како покровител и културно-информативниот центар „Скопје“ како организатор на манифестацијата, во Старата скопска чаршија.