Љубов и Секс

Зошто треба да живеете заедно пред да стапите во брак?

Зошто треба да живеете заедно пред да стапите во брак?

Иако сте со години во врска, ќе го запознаете вистинското лице на партнерот откако ќе почнете да живеете заедно. Некои навики, особини и потреби се откриваат само во заедничкиот живот.

Затоа, паровите коишто живеат додека се во врска имаат поголема шанса да функционираат поубаво откако ќе стапат во брак.

Според американскиот Национален центар за истражување на семејства и бракови, 66% од американските брачни парови живеат заедно пред да го кажат судбоносното „да“.

Oва се неколку причини кои укажуваат на тоа дека заедничкиот живот пред брак е корисен за вашиот однос:

Финансии

Ако сте заедно, но и двајцата ги плаќате посебно вашите сметки, тогаш зошто не ги поделите за да заштедите пари? На тој начин ќе видите како вашиот партнер планира и раководи со финансиите.

Се зголемува интимноста

Интимноста е уште една причина зошто луѓето размислуваат за заеднички живот пред брак. Луѓето сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот и да се запознаат уште подобро.

Нема да се плашите од брак

Влегувањето во брак е сериозен чекор за кој треба многу труд и љубов. Овој чин е стресен, па затоа е најдобро да почнете да живеете заедно пред брак.

Може да биде добро за вашето здравје

Ако живеете сами ќе се чувствувате осамено, а тоа е лошо за вашето здравје. Затоа, ако не сте подготвени за посериозен чекор, но сакате подобро да го запознаете партнерот и да живеете заедно, размислете да се преселите кај него.

извор: Кајгаан