Љубов и Секс

Зошто остануваме во лоши врски?

Зошто остануваме во лоши врски?

Постои научно објаснување, за жал, зошто носиме одлуки што се штетни за нас.

Најверојатно имате во вашето опкружување некој за кој се прашувате зошто останува во врска со личност со која не се среќни.

Кога гледате од страна, раскинувањет или разводот делуваат како најдобро решение, а сепак личноста за која станува збор како да не е свесна за тоа.

Зошто не си заминуваме од такви врски? Истражувањето покажа дека резултатот е: окситоцин! Да, да, хормонот на љубовта.

Истражувањето објавено во стручното списание Hormones and behavior, покажа дека луѓето кои чувствуваат дека нивниот партнер се оддалечил од нив и почнал да се однесува како веќе да не е заинтересиран, лачат повеќе окситоцин од оние кои се опсипани со љубов и внимание од саканата личност.

Ако сте „заглавени“ во врска што не е здрава за вас, ако не сте среќни во врската, треба да го имате ова предвид.

Врските во кои партнерите не се емотивно рамноправни често имаат свои непишани правила, вели авторот на истражувањето, доктор Николас Гребе. А кршењето на тие правила честопати може да биде првиот чекор кон одново воспоставување на рамнотежата.

Затоа, ако имате впечаток дека се подразбира дека „ќе го молите“ партнерот за најмал знак на љубов или наклонетост, обидете се да ги замените улогите.

Обидете се да го смените вашето однесување на тој начин што него, или нејзе, ќе го/ја ставите во вашата вообичаена улога, да видите дали, за промена, другата страна ќе почне да се однесува како страната на која „повеќе ѝ е гајле“.

Ако и тоа не успее, знаете што треба да направите.

Сите заслужуваме да му бидеме некому сѐ на светот.

Извор: Кајгана