Љубов и Секс

Зошто е добро да слушате музика додека водите љубов?

Зошто е добро да слушате музика додека водите љубов?

И слушањето музика, и сексот предизвикуваат чувство на задоволство, поради што повеќето луѓе ги комбинираат овие две активности. Луѓето дури почнаа да создаваат специјални компилации од песни за интимни моменти со својот партнер.

Овој пат ќе ја прескокнеме приказната за најдобрите изведувачи, песни и жанрови кои треба да ги слушате додека водите љубов, но пред се ќе ги објасниме придобивките од слушањето музика за време на сексот и како тоа го зголемува задоволството при оваа активност.

Слушањето музика ни овозможува да се ослободиме

Луѓето на музиката не реагираат свесно, туку спонтано. Кимаат со главите на нејзиниот ритам и свиркаат или пеат некоја „заразна“ мелодија, а често и потпевнуваат, без разлика дали се во друштво или сами. Музиката ни дава чувство на слобода, што е подеднакво важно за време на водење љубов, кога секое претерано размислување е излишно.

Слушањето музика го намалува стресот

Стресот е нашиот голем непријател во кревет. Може да нѐ спречи доволно да се возбудиме и да нѐ спречи воопшто да имаме сексуални односи. Музиката, од друга страна, може да ни помогне да се опуштиме во вакви ситуации и да заборавиме на проблемите кои ни ги окупираат мислите и ги саботираат интимните моменти со партнерот.

Слушањето музика уште повеќе ги поврзува партнерите

Кога се пуштаат песни што ги сакаат и двајцата партнери, истовремено ги обзема чувството на задоволство и меѓу нив се создава многу подлабока врска, отколку кога водат љубов во тишина. Секој следен пат кога ќе ја слушаат истата музика, ќе се сеќаваат на моментите во кревет со саканиот и повторно ќе чувствуваат одлична поврзаност со него.

Ритамот на музиката може да влијае на ритамот на вашите движења во кревет

За целосно задоволување на двајцата партнери за време на сексуалниот чин, потребно е тие да се движат во ист ритам, што не е тешка задача доколку во позадина слушате соодветна музика од сензуални тонови и пулсирачки ритам.

извор: кајгана