Радио Милева
Секоја следна, му е прва?

Зоран Заев е светски феномен: Македонскиот премиер три пати „губел невиност“? (ВИДЕО)

Зоран Заев е светски феномен: Македонскиот премиер три пати „губел невиност“? (ВИДЕО)

Од каде е првата девојка на Зоран Заев и каде ја поминал младоста? Ваква навидум банална тема стана актуелна откако одново го фатија Заев во нова лага. Неверојатно но вистинито – Заев излажа и за тоа каде ја фатил првата девојка.

Во неодамнешното интервју за српскиот портал Курир, Заев изјави дека младоста ја поминал во Горњи Милановац каде продавајќи пипер на тезгите ја запознал преубавата Јелена која му била и прва девојка.

Но, по оваа изјава изреагираа луѓе кои паметат очигледно повеќе од премиерот, па го потсетија дека во септември 2017 година во кампањата за локални избори, на собирот во Дојран, Заев соопшти дека токму таму, по дојранските плажи ги поминал најубавите моменти од својот живот и токму во Дојран за прв пат фатил девојка.

„Јас, иако сум од Струмица, ја поминав младоста овде во Дојран. По плажите во Ачико, на Мрдаја, на градската плажа. Овде прв пат девојка фатив, овде се најубавите моменти од мојот живот.“

Во интервјуто за српски курир Заев вели и дека со неговата сегашна сопруга, Зорица, бил заедно уште од средно школо, па врската станала посериозна на факултет. Прашање за 2,4 милиони марки колку што заработил од продажба на чушките е: „Која е првата девојка, Јелена од Србија, таа од дојранските плажи или Зорица од струмичко?“

Или можеби Зоран Заев е светски феномен, па македонскиот премиер три пати „губел невиност“?

Останати вести од Радио Милева