Радио Милева
засекогаш ја напушта Србија?

Знаат (зо)што плаќааат: Едно од најпознатите американски казина на Станија и нуди милион долари, за силиконската убавица да биде едно од нивните заштитни лица! (ФОТО+ВИДЕО)

Знаат (зо)што плаќааат: Едно од најпознатите американски казина на Станија и нуди милион долари, за силиконската убавица да биде едно од нивните заштитни лица! (ФОТО+ВИДЕО)

Познато е дека Станија Добројевиќ со години живее на релација Србија-Америка, нејзиниот живот наскоро радикално ќе се промени, а старлетата ќе треба да ја донесе најважната животна одлука, по што можеби засекогаш ќе ги напушти границите на Србија. Имено, како што открива извор близок до Добројевиќ, таа неодамна добила понуда да биде заштитно лице на едно од најпознатите американски казина, а сопствениците се подготвени да искешираат дури милион долари за петгодишна соработка.

„Животот на Станија е полн со предизвици и промени, но никогаш не се нашла во ваква тешка ситуација. Таа моментално престојува во Америка, а големи се шансите наскоро и трајно да се пресели таму“ – рекол изворот, и открил што ја навело Станија до таква одлука.

„Таа доби понуда од едно од најпознатите американски казина да биде едно од нивните заштитни лица. Кога првпат отишла во САД како студент, Станија работела како крупие во казина и со години била успешна во тој бизнис. Таа е привлечна, добра е во комуникацијата со луѓето, а исто така умее и со парите. Искусна е во бизнисот и се смета за идеална за оваа позиција. Откриле дека е дистрибутер на американска компанија која се занимава со препарати за слабеење и решиле да и дадат понуда која не се одбива, за трајно да ја задржат во Америка“ – изјавил соговорникот  раскажувајќи ги деталите.

„Неодамна имаа официјална средба на која и понудија идеални услови. Доколку потпишела договор, би била обврзана да живее во Америка најмалку пет години, за што би добила огромна сума пари. Нејзината годишна плата би била 200.000 долари, а бидејќи се работи за петгодишен договор, во тој временски период би заработила милион долари“ –  открил соговорникот кој додава дека доколку Станија потпише договор со американска компанија , нејзината љубов со Марко Марковиќ нема перспектива.

„Станија се уште не ја прифатила понудата, размислува за тоа, бидејќи е свесна дека мали се шансите да и успее врската со Марко доколку се пресели во Америка. Веќе еднаш  бил одбиен за виза, а доколку тоа се повтори, тоа би било крај на нивната врска. Ова е одлука која може да и го промени животот, со тие примања би ги обезбедила себе си и семејството, а  за донесување на одлуката нема многу време за размислување“ – заклучил соговорникот.

Фото: Инстаграм принтскрин/stanijadobrojevic

Останати вести од Радио Милева