Радио Милева
слави  Јубилеј

Злата Петровиќ слави 60 -ти роденден: Од синот ја доби најубавата честитка, а еве што и порача Гоца Божиновска! (фото)

Злата Петровиќ слави 60 -ти роденден: Од синот ја доби најубавата честитка, а еве што и порача Гоца Божиновска! (фото)

Пејачката Злата Петровиќ  го слави својот 60-ти роденден, а меѓу морето роденденски честитки што ги доби по повод јубилејот, се издвои онаа што и ја испрати синот Јован Пејиќ.

Злата го доби Јован во бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја, со кој и по разводот остана во одлични односи. Љубовта кон мајка си ја опиша со емотивни зборови, а неговата порака ги воодушеви сите.

„Ме прашаа: „Што е најубавото нешто што една жена го направила за тебе“, им реков: „Ме носеше девет месеци под своето срце, а цел живот во него“,  напишал Јован и објавил заедничка фотографија со мајка му Злата.

„Најмила моја, што и да ти кажам, ти веќе најдобро знаеш. Полека но сигурно заплови во седмата деценија од животот. Сакам да не ги броиш годините и сакам да оставиш се лошо зад себе. Сега пишуваш нови животни страници полни со љубов и топлина. Среќен роденден најмила моја!“, ѝ посака нејзината најдобра пријателка Гоца Божиновска.

Фото:Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел

Останати вести од Радио Милева