Радио Милева
таа ќе е среќна, ако е така

Злата Петровиќ се огласи по написите дека нејзиниот син е во врска со Наташа Родиќ: „Ако децата се сакаат, нека се сакаат“

Злата Петровиќ се огласи по написите дека нејзиниот син е во врска со Наташа Родиќ: „Ако децата се сакаат, нека се сакаат“

Третата сестра од Родиќ, Наташа Родиќ наводно е во врска синот на пејачката Злата Петровиќ и водителот Зоран Пејиќ Пеја, Јован Пејиќ.

По тој повод се огласи и Злата и за курир.рс ги прокоментира овие пишувања.

„Му благодарам на Господ што се пишува за љубов и некои убави вести, па ми се јавувате по тој повод. Кога ќе станам не смеам ни телефонот да го отворам бидејќи цело време читам само лоши вести. Се плашам што можам да прочитам. За жал, починаа толку многу луѓе, се случија многу работи кои не погодија бидејќи сме луѓе од крв и месо. Само нека се пишува за љубов, јас сум за тоа луѓето да се сакаат“, вели пејачката.

„Мојот син со кој и да е во врска, јас ќе го поддржам, секогаш ќе ги подржам своите деца на нивниот пат. Не знам, можеби децата тајно се гледаат и се сакаат. Не знам, појма неам. Јас ќе сум среќна ако тоа е така. Наташа е добра девојка, Јован е добро момче. Нема ништо поубаво во животот од тоа луѓето да се сакаат. Ако децата се сакаат, нека се сакаат“ вели Злата за курир.рс

Инаку, по повод се огласи и Јован Пејиќ кој ниту потврди, ниту демантираше дали е врска со Наташа Родиќ.

фото: зорана јевтиќ/дамир дервишагиќ/немања николиќ/принтскрин/зоран јевтиќ

Останати вести од Радио Милева