Радио Милева
првпат проговори јавно за разделбата

„Животот на Душко нема смисла без мене“: Карлеуша изненади со изјавата за Тошиќ

„Животот на Душко нема смисла без мене“: Карлеуша изненади со изјавата за Тошиќ

Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Први ред“ на телевизијата К1, каде зборуваше за својата кариера, новата
проекти, но и приватниот живот.

Популарната пејачка ги коментираше наводите околу „разводот“ од нејзиниот долгогодишен партнер,
фудбалерот Душко Тошиќ со кој е во брак 16 години.

-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Врските се специфични, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат, тоа е тажната приказна на секој друг брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина, беше искрена до крај Карлеуша и додаде дека и покрај се е оптимист.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

-Јас сум вечен оптимист кој се надева дека ќе помине некоја клетва, магија, црна магија и дека луѓето ќе ги сфатат грешките што ги прават. Генерално, жените во Србија се тажни, мажите се лоши за нас. Мажите многу ги обезвреднија, не ги почитуваат и сакаат жените на вистински начин. Која е смислата да се навредува жена без разлика каква е таа. Многу лесно ставив точка на мојот прв брак. Сега односите во куќата се нарушени и чекам Душко да разбере дека јас сум божицата на вселената и неговата единствена вистинска љубов. Едноставно не трпам никаков неуспех и пораз и на деловен и на личен план. Бидејќи сум дете на разведени родители, едноставно сум алергична на пропаѓањето на семејната институција. Сметам дека падот на семејството се заснова на ерозијата на машкоста во домашното општество. Токму со овие зборови им ја објаснив ситуацијата на моите ќерки. Ги воспитувам моите деца онака како што треба да се воспитува секоја ќерка. Мајката е најдоминантната фигура во животот на секоја ќерка и најважната фигура и така треба да се воспитува секое машко или женско дете. Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – објаснила таа.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева